Skip links

Оглас за маркетинг консултант

СмартАп – Лабораторија за социјални иновации Скопје објавува оглас за ангажирање на маркетинг консултант, во склоп на проектот „Создавање средина што овозможува подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“, со цел развој, промоција и комуникација за веб-платформа за образование.

Маркетинг консултантот ќе има улога во градење и развој на брендот и комуникациските материјали потребни за објава на веб-платформа за образование, која ќе се фокусира на раниот детски развој, учењето преку игра и  социоемоционален развој. Главните таргет групи на ваквото веб-решение ќе бидат: 

  • деца од 3 до 10 години
  • едукатори (воспитувачи од предучилишно и одделенски наставници од училишно образование), 
  • родителите/старателите на деца до 10 години

Ваквата веб-платформа е во моментов во напредна фаза на развој и се очекува да биде лансирана кон средината на февруари 2021. Платформата ќе се најде под чадорот на иновативни решенија на ЕДУИНО, колективниот портал и ќе понуди отворени ресурси, активности, видео игри и материјали за поттикнување на социоемоционалниот развој на децата од 3 до 10 годишна возраст.

Повикот е отворен за аплицирање до: 21.12.2020
Почеток на работен ангажман: 25.12.2020

Кои ќе бидат одговорностите на маркетинг консултантот?

  • Развој на маркетинг план за веб страна за образование 
  • Подготовка на план и подготовка на објави за социјални медиуми на ЕДУИНО како главен канал и СмартАп како помошен, секундарен канал за промоција на наведената веб-платформа
  • Спроведување на план за социјални медиуми, координација на надворешни соработници, координација со графички дизајнери и останатиот дел од тимот
  • Подготовка на текст за веб-страница (copyright), врз база на однапред утврдена структура и насоки (врз база на веќе постоечки UX & UI и драфт прва верзија текст за веб-платформата)
  • Подготовка на комуникациски и кризен план 
  • Подговка на brand booklet за платформата
  • Контактирање на засегнати страни со цел промоција 
  • Организирање на официјален настан за објава на платформата (во соработка техничкиот тимот за ЕДУИНО вебинари)

Кои се потребните вештини и квалификации?

  • Задолжително е работно искуство од минимум три (3) години во областа на маркетинг, социјални медиуми, ПР и сл, и пожелно е искуство во креирање и градење на бренд
  • Високо развиени интерперсонални, маркетинг и комуникациски вештини
  • Умешност за пишување и подготовка на натписи и блогови за дигитални медиуми и веб платформа за образование (copywriting)
  • Искуство во работење со алатки за брзо и ефективно креирање како Canva, Mailchimp и сл.
  • Одлично познавање и работа со пакетот Microsoft Office (Excel, Word, Power Point) и сродни алатки за ефективно работење како: Google Drive, Outlook и сл.
  • Креативност, проактивност, способност за тимска работа и флексибилност
  • Максимална посветеност и одговорност кон работењето и почитување на рокови
  • Желба за работа во мултидисциплинарна средина, со отворени, проактивни и динамични луѓе
  • Желба за работа во полето на образование
  • Познавање на секторот образование и/или претходна работа во маркетинг со проекти поврзани со деца, родители и/или наставници ќе се смета за предност

Како што споменавме и погоре, предност ќе имаат кандидатите кои со претходно докажано работно искусто на програми и/или иницијативи во сферата на образование, особено формално образование. Дополнително, предност ќе имаат кандидатите кои добро го владеат албанскиот јазик, но и литературниот македонски јазик.

Логистички информации поврзани со работниот ангажман:

  • Лицето се очекува да почне со работа од 25.12.2020
  • Ангажманот се склучува преку Договор за ангажман со СмартАп на определено време односно периодот од 25.12.2020 до 25.02.2021
  • Консултантскиот ангажман се базира на испорачани задачи, а не на работни часа
  • За отворената позиција се достапни вкупно 135000 МКД (бруто) за остварување на целите во огласот
  • Неделното работно време е од понеделник до петок, со предвидено дневно водење на записник од завршени задачи, со обезбедена можност за договор и обезбедување на динамика за ефективна испорака од страна на консултантот (флексибилност)
  • Физичкото прусуство не е задолжително поради природата на позицијата и моменталната здравствена ситуација во државата

Повеќе информации за платформата за образование

Порталот за образование има за цел да прерасне во колективна платформа на којашто, заедно со децата, едукаторите и родителите, ќе се креираат, проверуваат и објавуваат ресурси и материјали, градејќи библиотека на дигитални едукативни материјали во нашата држава. Овие едукативни материјали ќе бидат поделени по категории на возраст и примена, односно за предучилишно и училишно образование, домашни услови со родител/старател, како и неколку подготвени дигитални игри и упатства за нивна инсталација и играње. Материјалите имаат цел да помогнат да се поттикне  учење преку игра и  развој на социо-емоционални вештини кај учениците во и надвор од формалното образование.

Дел од овој портал е веќе познатиот колективен портал ЕДУИНО, достапна на www.eduino.gov.mk која содржи видеолекции, ресурси, игри и едукативни активности за поддршка на воспитно-образовниот процес. Библиотеката на едукативни активности на платформата Едуино вклучува едукативни активности кои се наменети исклучиво за домашни услови, со родител/старател.

Доколку се пронаоѓате во оваа наша голема визија за правилен раст и развој на децата и би сакале да бидете дел од развојот на содржината за веб-платформата за образование Едуино, за да се придонесе кон подобрување на образованието, тогаш чест ни е да Ве поканиме да ни се придружите и да биде дел од тимот кој носи промени!

Сите заинтересирани кандидати потребно е да испратат свое CV и мотивациоско писмо на [email protected] со назнака: „Апликација за маркетинг консултант“. Дополнително, препорачуваме да ни пратите и листа на референтни проекти и писма за препорака.

Краен рок за аплицирање: 21.12.2020, до 17:00 часот. Само кандидати од потесен избор ќе бидат контактирани и повикани на интервју. 

Овoј оглас е во склоп на проектот „Создавање средина што овозможува подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“ #Inno4Edu кој е финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Амбасадата на Велика Британија во Скопје, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и УНИЦЕФ. Овој проект го спроведува СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации.

Leave a comment