Skip links

Оглас за ангажирање на UX/UI дизајнер – ЕДУИНО Лабораторија

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на јавни услуги, климатски промени и образование. Преку својот иновативен и поинаков пристап но и преку својата пасија и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање на поубав, поинаков и подобар свет. Составен од млади, амбициозни и мотивирани соработници, тимот секогаш е отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат вредност и позитивна промена за својата околина и општество.

 

Согласно потребите на проектот „ЕДУИНО: Колективно подобрување на образованието преку ко-креирање и иновации”, СмартАП објавува оглас за ангажирање на:

UX/UI дизајнер

Во рамки на колективниот портал ЕДУИНО, предвидено е да се креира комплементарна ЕДУИНО Лабораторија. ЕДУИНО – Лабораторијата е виртуелна лабораторија која симулира самостојно и безбедно учење преку игра и експерименти. Користејќи ја науката како алатка за откривање на природните процеси во нашиот свет, лабораторијата ќе дава можност децата да го развијат својот интерес за природните науки на инклузивен и лесно пристаплив начин. Предвидено е и ресурсите со кои ќе се располага, да бидат користени од едукатори со цел олеснување на формалниот едукативен процес.

Кои ќе бидат задачите и одговорностите?

  1. ЕДУИНО Лабораторија

За потребите на ЕДУИНО-Лабораторијата, креативниот и искусен UX/UI дизајнер ќе изработи дизајн на корисничкото искуство, кое соодветно ќе го тестира со корисници и финализира. Дополнително, се очекува UX/UI дизајнерот да изработи решение за визуелниот изглед на корисничкиот интерфејс. Со таа цел, се предвидени следните задачи и одговорности:

  • Истражување на постоечки добри практики, истражување на кориснички потреби и синтеза на истите во насоки за развој.
  • Преточување на потребите на корисниците во user flows, wireframes, lo-fi и hi-fi, process diagrams, storytelling, мапи на сајтови и прототипи.
  • Тестирање на прототипи со корисници, идентификување на потенцијални предизвици во корисничкото искуство и имплементирање на потребните промени.
  • Подготовка на висококвалитетни UX-UI веб & mobile решенија за платформата и изработка на потребните материјали за имплементација на целосните решенија:
    • Препорачливо е користење на user-centered design пристап при процесот на подготовка на UX-UI решенија
    • Дизајнирање на елементи и алатки за корисничкиот интерфејс, како што се менија за навигација, полиња за пребарување, картички и графички контроли и останати аспекти, согласно дефинираните функционалности на ЕДУИНО-Лабораторијата
  • Навремена и јасна комуникација со тимот на проектот и надворешните соработници, особено во поглед на синхронизирање на техничките функционалности и лимитации на ЕДУИНО-Лабораторијата со осмислениот UX & UI дизајн.
  • Придржување до стандардите за стил за типографија и графички дизајн.
  • Подготвување на финален извештај и пренесување на целиот изработен материјал во форма на финална библиотека на елементи за ЕДУИНО-Лабораторијата.
  1. Предлог редизајн и испорака на финално решение за одредени елементи на Eduino.gov.mk
  • Самостојна анализа на страницата eduino.gov.mk 
  • Откривање на потребите за редизајн кои произлегуваат од анализата со цел давање предлог за редизајн на одредени елементи 
  • Испорака на финално дизајн решение 

Што треба да се изработи/испорачи?

  1. Висококвалитетни UX-UI веб & mobile решенија за виртуелна ЕДУИНО лабораторија која вклучува 15 2Д виртуелни експерименти
  2. Анализа, предлог редизајн и испорака на финално дизајн решение за eduino.gov.mk

* Во моментов се спроведува истражување на потребите за креирање на 15 вируелни експерименти, согласно ова ќе се дефинира финален обем на работа. Затоа, сега се пристапува кон креирање на ростер листа од дизајнери до кои ќе се достави барање за понуда.

Како ќе се одвива процесот?

  1. Собирање на CV и портфолио од UX/UI дизајнери – 23 Јуни до 1 Јули
  2. Праќање на понуда од страна на СмартАП и опсег на работа до селектиратион кандидат од првиот чекор – 4 Јули до 8 Јулу
  3. Потврда на UX/UI дизајнер – 12 Јули

Кои се потребните вештини и квалификации?

  • Најмалку 3 години искуство како UX-UI дизајнер или слична улога.
    • Предност ќе имаат кандидати со искуство во дизајнирање веб платформи и кандидати со искуство во проекти со фокус на дизајн на едукативни платформи/дизајн за деца.
  • Портфолио со проекти од областа на UX/UI дизајн, со докажано искуство во областа на дигитални продукти и/или услуги.
  • Способност за истражување на постоечки добри практики, истражување на кориснички потреби и синтеза на истите во насоки за развој.
  • Познавање и искуство во ADOBE алатките, како XD, Photoshop, Illustrator, InDesign, Acrobat или Dreamweaver
    • Препорачливо е дизајнерот да има познавање и од процесот на користење на алатката Figma.
  • Способност за навремено извршување на задачите и одржување отворена, редовна комуникација со сите засегнати страни.
  • Ориентираност кон детали, креативно размислување, умешност за решавање на проблеми. 
  • Умешност за дизајнирање со корисникот во средина на дизајн процесот (costumer-centered).
  • Умешност за работење во тим но и способност за индивидуално работење.

Логистички информации поврзани со работниот ангажман:

  • Лицето се очекува да почне со работа од 15.07.2022. 
  • Предвидено е лицето директно да соработува со ИТ компанијата која е одговорна за техничката изведба на ЕДУИНО-Лабораторијата. Дополнително, лицето ќе комуницира и доставува извештај за завршената работа до тим-лидерот и/или проектниот менаџер на ЕДУИНО. 
  • Ангажманот се склучува преку Договор за ангажман на определено време за периодот Јули – Септември.
    • Исплатата се одвива по доставен и одобрен извештај.
  • Работните задачи и нивните рокови како и општата динамика на работа ќе бидат предмет на дополнителен договор и синхронизација помеѓу тим лидерот (ЕДУИНО Лабораторија) и селектираниот UX-UI дизајнер. 

За апликација испратете го Вашето CV и портфолио на [email protected] со наслов Апликација за UX/UI дизајнер. Краен рок за аплицирање е 01.07.2022 година.

Leave a comment