Skip links

Оглас за специјалист за комуникации

СмартАп, Лабораторијата за социјални иновации има потреба од нов енергичен и проактивен член кој ќе се придружи на организација и ќе помогне во скалирање на нашите активности преку овозможување на наше поголемо присуство во медиумскиот простор.

Рок за аплицирање: 15.03.2020

Почеток на работен ангажман: Април, 2020

Главните точки во кои би сакале да ни помогнете:

  • Изработка на маркетинг стратегија која ќе води кон раст и развој на организацијата и е во согласност со стратешките приоритети и визијата на организацијата
  • Насочување на графички дизајнер и/или креирање на ефективни визуелни материјали за различните потребите на организацијата, со фокус на крајниот корисник 
  • Воспоставување и одржување на партнерски односи со домашни и пред сѐ, интернационални медиуми од релевантни сфери на работата на СмартАп
  • Засилено присуство на традиционалните, но и експериментирање со нови дигитални медиуми (live streaming, interactive engagement tools и сл.)

Цел и одговорност на работното место:

  • Изработка на комуникациски планови за проектите на СмартАп
  • Водење на брендовите на социјалните медиуми (Facebook, Instagram, Twitter, LinkedIn), со фокус на интегрирани комуникации
  • Креирање стратегии за социјални медиуми за проектите на СмартАп
  • Следење и анализа на дигиталниот пазар/социјалните медиуми
  • Менаџирање на онлајн-заедниците и на репутацијата на проектите
  • Креирање, следење и оптимизирање на кампањи
  • Управување со веб-страници (објава на содржина)
  • Следење на најновите трендови и нивна имплементација во секојдневното работење
  • Идентификување на можности за обезбедување на медиумски простор на домашни и странски медиуми
  • Подготовка на наративи, блогови и натписи поврзани со проектни активности 
  • Договарање и гостување на радио, телевизии, интервјуа и сл. активности кои се поврзани со организацијата

Потребни вештини и квалификации:

  • Задолжително е работно искуство од минимум една (1) година во областа на маркетинг, социјални медиуми, ПР и сл.
  • Одлично познавање и работа со пакетот Microsoft Office (Excel, Word, Power Point) и сродни алатки за ефективно работење како: Google Drive, Outlook, Trello и сл.
  • Умешност за пишување и подготовка на натписи и блогови за дигитални медиуми (copywriting)
  • Искуство во работа со традиционални медиуми (воспоставени односи со локалниот медиумски еко-систем, искуство во гостување на телевизии, комуницирање со медиуми и сл.)
  • Главен јазик во организацијата е македонски, но заради природата на работата потребно е одлично познавање на англискиот јазик
    • Познавањето на албанскиот јазик ќе се смета за предност
  • Искуство во работење со алатки за брзо и ефективно креирање како Canva, Mailchimp, Surveymonkey, Typeform и сл.
  • Креативност, проактивност, способност за тимска работа и флексибилност
  • Високоразвиени интерперсонални и маркетинг вештини
  • Максимална посветеност и одговорност кон работењето и почитување на рокови
  • Желба за работа во мултидисциплинарна средина, со отворени, проактивни и динамични луѓе
  • Желба за работа на општествено корисни и забавни проекти

Што нудиме?

  • Работа на проекти и активности кои прават реална промена во животот на другите, на теми како климатски промени, образование, иновации во јавен сектор, работа со млади и сл.
  • Динамична средина каде инклузивноста, проактивноста и желбата за иновации е секојдневие
  • Флексибилно работно време во однос на доаѓање и заминување од работа
  • Можност за remote работа, во претходен договор со претпоставениот менаџер
  • Професионален развој, учество на обуки, семинари и конференции во МК и странство
  • Менторирање од страна на постоечкиот кадар на НВО СмартАп
  • Можност за работа на проекти со различни партнери (домашни и странски) од јавен, приватен и граѓански сектор како и академијата. Пр. УНДП, УНИЦЕФ, Град Скопје, МАНУ итн. 
  • Убава и пријатна атмосфера во нашата канцеларија во старата скопска чаршија

Логистички информации поврзани со работниот ангажман:

  • Лицето се очекува да почне со работа од Април, 2020
  • Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со флексибилно доаѓање на работното место, помеѓу 08:00 и 10:00 часот па се до 16:00 или 18:00 часот.
  • Неделното работно време е од понеделник до петок, со предвидено дневно водење на записник од завршени задачи
  • Постои можност и за повремена remote работа, со одобрување од проектниот менаџер
  • Канцелариите се наоѓаат во Стара Чаршија, Скопје

Сите заинтересирани кандидати потребно е да испратат свое CV и мотивациоско писмо на [email protected]. Дополнително, препорачуваме да ни пратите и листа на референтни проекти и писма за препорака.

Leave a comment