Skip links

Отворен повик: Симултан толкувач од македонски на албански јазик

Кои ќе бидат одговорностите на симултаниот толкувач на вебинари?
  • Онлајн симултано толкување од македонски на албански јазик и обратно, на вебинари во полето на образование и педагогија
  • Достапност, со оглед дека настаните се организираат во краток рок од неколку дена
  • Учество во генерална проба (30 мин) со говорниците која вклучува кратки насоки за текот на вебинарот како и техничка проверка со тимот
  • Активно комуницирање со сите засегнати и вклучени во настанот со цел ефективна подготовка
  • Активна соработка и координација со проектниот менаџмент и проектниот тим
  • Подготовка на извештај за сработеното
Кои се потребните вештини и квалификации?
  • Минимум 2 годишно искуство како симултан толкувач на настани
  • Искуство во толкување на онлајн настани
  • Одлични познавања на апликацијата ZOOM
  • Одлично познавање на македонскиот јазик и на албанскиот јазик (пишан и говорен)
  • Динамична и комуникативна личност, подготвена да одговори на сите предизвици кои ќе се појават во текот на работата
  • Тимски играч
  • Познавање на секторот образование и/или претходна работа во проекти поврзани со деца, родители и/или наставници ќе се смета за предност
Логистички информации поврзани со работниот ангажман:
  • Ангажманот се склучува преку Договор за ангажман со СмартАп на определено време односно периодот Мај 2022, Октомври – Декември 2022 (вкупно 4 месеци)
  • Ангажманот се базира на испорачани работни часа
  • Работното време се организира според планот за одржување на настаните
  • Физичкото присуство не е задолжително поради природата на позицијата и моменталната здравствена ситуација во државата

За апликација испратете го Вашето CV и понуда (во понудата треба да наведете бруто сума во денари за еден час онлајн толкување од македонски јазик на албански јазик и обратно) на [email protected] со наслов Апликација за Толкувач. Ќе бидат исконтактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг за селекција. Краен рок за аплицирање е 14.04.2022 година.

Leave a comment